Sunday, May 13, 2012

Нај, нај во животинскиот свет II дел

НАЈГЛАСНИ

Синиот кит е најгласното животно во вода - неговиот глас е со ниска фрекфенција и достигнува до 188 децибели и затоа може да се детектира на одалеченост од 800 км. За споредба пневматскиот чекан има јачина на звук од околу 100 децибели. Покрај брегот на Шри Ланка е откриено дека китовите пеат песна, која се состои од четири ноти и трае околу две минути. На копното најгласното животно е еден вид на мајмуни чие врескање може да се чуе на „само“ 5 километри одалеченост.
Освен тоа, синиот кир е и најголемото животно на Земјата, кое може да тежи до 140 тони, а да биде долго и до 30 метри.
Најтешкиот кит кој некогаш бил измерен, тежел дури 190 тони и бил долг 33 метри.


НАЈСМРТОНОСНИ

Комарците чие латинско име е anopheles, односно женките од тој вид, се најсмртоносните животни на Земјата, затоа што пренесуваат маларија, од која умираат околу милион луѓе секоја година. Освен маларија, комарците пренесуваат и многу други болести, но, за среќа, не и СИДА.


Морска оса е вид на медуза, која има околу 60 пипала, а секое е долго околу 4 и пол метри. Ова е и животно со најголемо количество отров. Имено, го има толку многу што оддеднаш може да убие 60 луѓе.

Нај, нај во животинскиот свет I дел

Иако човечките спортски резултати се восхитувачки, сепак, животинските рекорди ме оставаат без здив. Во продолжение следуваат некои од најинтересните рекорди во животинскиот свет.

НАЈБРЗИ


Соколот е најбрза птица достигнувајќи брзина поголема и од 322км/ч и според тоа е најбрзото животно на нашата планета. Оваа брзина ја достигнува при лов - прво се крева во облаци, а потоа се стрмоглавува врз својата жртва, која обично ќе ја зграпчи за врат.


Северноафриканскиот ној е најбрза птица-тркачка која достигнува брзина од околу 72км/ч, а е и најтешка птица, затоа што може да тежи и до 160 кг. Заедно живеат до 50 единки, а мигрираат со зебрите и антилопите. Долго можат да издржат без вода, но кога ја има, многу често и со задоволство се бањаат. Од голема далечина можат да ги забележат лавовите и другите опасности за нивниот живот.

Гепардот е најбрзото копнено животно, кое може да достигне брзина од 115 км/ч, што е брзина на патнички автомобил. Има растеглив 'рбет што му овозможува да прави огромни седмометарски скокови. Но, тој брзо трча само на куси патеки и мора да се одмори по приближно 500 метри. Од мирување, за само 2 секунди, постигнува брзина од 72 км/ ч.


Плискавка, еден вид морско животно кое е најбрзото животно во вода. Може да достигне брзина од 56,5 км/ч. Сродник им е на делфините и често малите делфини ги нарекуваат плискавки, но главната разлика меѓу овие два водени цицачи е во обликот на забите и главата.


НАЈЛЕСНИ

 
Колибри што живее во Куба е најмалата птица на светот со своите 2 грама тежина. Додека лета, удира со крилјата околу 80 пати, во секунда, а додека се пари, дури и 200 пати во секунда! Освен тоа, ова колибри има најмали пердуви од сите птици, а срцето му чука најбрзо во целото животинско царство.
 
 Лилјакот што живее на Тајланд е најмалиот цицач на светот - има само околу 2 грама и е долг 30-40 мм.
=========================================================> II дел

Saturday, May 5, 2012

Латински изрази и поговорки

1. Persona non grata. - Непожелна личност.
2. Aurora musis amica. - Зората е пријателка на музите. 
(Музите во преносна смисла значат творечка работа. Смислата е: За творење се најпогодни утринските часови. Имало девет Музи, божици - заштитнички на уметноста и науката кај старите Грци и Римјани: Клио била муза на историјата, Мелпомена - на трагедијата, Терпсихора - на танцот, Талија - на комедијата, Евтерпа - на лирската поезија, Ерато - на љубовната поезија, Уранија - на астрономијата, Полихимнија - на химните, Калиопа - на епската поезија.)
3. Aurea mediocritas - Златна средина. 
(Хоратиј го употребува овој израз кога говори за душевната хармонија која ја постигнува човекот ако нема прекумерни желби и надежи. Денес овој израз се употребува повеќе во преносна смисла: „Средниот пат е најдобар“ или „Вистинска мера“.)
4. Repetitio est mater studiorum. - Повторувањето е мајка на знаењето.
5. In vino veritas. - Во виното е вистината.
6. Homo homini lupus est. - Човек на човека е волк.
7. Finis coronat opus. - Крајот го краси делото.
8. Punica fides. - Пунска верност. 
(Изразот се употребува иронично, а значи неискреност или измама.)

9. Domus propria, domus optima. - Сопствениот дом е најдобар.
(во превод: „Доме, слатки доме.“)
10. Veni, vidi, vici - Отидов, видов, победив. 
(Со овие зборови Гај Јулиј Каесар (Цезар) пред римскиот сенат ја објавил својата победа над Фарнак, синот на кралот Митридат.)
11. Alea iacta est. - Коцката е фрлена.
(Се смета дека овие зборови ги кажал Јулиј Каесар во моментот кога одлучил да ја помине реката Рубикон и да ја започне граѓанската војна. Денес овој израз се употребува кога се донесува некоја одлука.)
12. Alter ego. - Второ јас. 
(Изразот се употребува, на пример, за некој пријател, истомисленик.)
13. Post scriptum. (скратено P.S.) - Допишано.
(Се употребува често како кратенка П.С. во писма.)
14. Hannibal ante portas. - Ханибал е пред портите.
(Ханибал по победата кај Кана се откажал од нападот на Рим, од што се плашеле Римјаните. Обој израз денес се употребува кога се наближува некоја непосредна опасност.)
15. Ante meridiem. (A.M.) - Претпладне.
16. Post meridiem. (P.M.) - Попладне.
17. Anno Domini. (A.D.) - Во летото господово, т.е. по раѓањето на Христос, во нашата ера.