Saturday, May 5, 2012

Латински изрази и поговорки

1. Persona non grata. - Непожелна личност.
2. Aurora musis amica. - Зората е пријателка на музите. 
(Музите во преносна смисла значат творечка работа. Смислата е: За творење се најпогодни утринските часови. Имало девет Музи, божици - заштитнички на уметноста и науката кај старите Грци и Римјани: Клио била муза на историјата, Мелпомена - на трагедијата, Терпсихора - на танцот, Талија - на комедијата, Евтерпа - на лирската поезија, Ерато - на љубовната поезија, Уранија - на астрономијата, Полихимнија - на химните, Калиопа - на епската поезија.)
3. Aurea mediocritas - Златна средина. 
(Хоратиј го употребува овој израз кога говори за душевната хармонија која ја постигнува човекот ако нема прекумерни желби и надежи. Денес овој израз се употребува повеќе во преносна смисла: „Средниот пат е најдобар“ или „Вистинска мера“.)
4. Repetitio est mater studiorum. - Повторувањето е мајка на знаењето.
5. In vino veritas. - Во виното е вистината.
6. Homo homini lupus est. - Човек на човека е волк.
7. Finis coronat opus. - Крајот го краси делото.
8. Punica fides. - Пунска верност. 
(Изразот се употребува иронично, а значи неискреност или измама.)

9. Domus propria, domus optima. - Сопствениот дом е најдобар.
(во превод: „Доме, слатки доме.“)
10. Veni, vidi, vici - Отидов, видов, победив. 
(Со овие зборови Гај Јулиј Каесар (Цезар) пред римскиот сенат ја објавил својата победа над Фарнак, синот на кралот Митридат.)
11. Alea iacta est. - Коцката е фрлена.
(Се смета дека овие зборови ги кажал Јулиј Каесар во моментот кога одлучил да ја помине реката Рубикон и да ја започне граѓанската војна. Денес овој израз се употребува кога се донесува некоја одлука.)
12. Alter ego. - Второ јас. 
(Изразот се употребува, на пример, за некој пријател, истомисленик.)
13. Post scriptum. (скратено P.S.) - Допишано.
(Се употребува често како кратенка П.С. во писма.)
14. Hannibal ante portas. - Ханибал е пред портите.
(Ханибал по победата кај Кана се откажал од нападот на Рим, од што се плашеле Римјаните. Обој израз денес се употребува кога се наближува некоја непосредна опасност.)
15. Ante meridiem. (A.M.) - Претпладне.
16. Post meridiem. (P.M.) - Попладне.
17. Anno Domini. (A.D.) - Во летото господово, т.е. по раѓањето на Христос, во нашата ера.

No comments:

Post a Comment