Saturday, June 30, 2012

Првпат доделени златни, сребрени и бронзени медали

Третите Олимписки игри што се одржаа во Сент Луис, Мисури, САД (1 јули - 23 ноември 1904 година) беа планирани за Чикаго, но организаторите на Светската изложба во Сент Луис беа енергично против во исто време на друго место да се одржува толку голем настан.

Сребрен медал од Олимписките игри, 1904г.

Де Кубертен попушти и дозволи Игрите да се одржат во Сент Луис, но организаторите ја повторија грешката од претходните Игри. Како и во Париз 1900-та, така и во Сент Луис, Игрите траеја предолго и спортистите се загубија во хаосот на настани што се случуваа на Светската изложба, како и поради прославата на 100-годишнината од купопродажбата на Луизијана од Франција.

На овие игри првпат тројцата најдобри добија златни, сребрени и бронзени медали. Од спортовите, олимписко деби имаа боксот, борењето во слободен стил, декатлонот и кревањето товар.


Овие игри ги одбележа американскиот гимнастичар Џорџ Ајсер, кој освои шест медали иако беше инвалид, со дрвена лева нога. Франк Куглер се закити со четири медали во борење слободен стил.

Маратонската трка беше најбизарна на Игрите. Се трчаше по многу топло време, на прашлива патека полна со коњи и автомобили, кои во намера да ја чистат патеката и да ги штитат тркачите креваа уште поголема прашина.

Победник беше Британецот Томас Хикс, кој трчаше за САД, откако беше дисквалификуван Американецот Фредерик Лорц, кој поголемиот дел од 42 километри долгата патека ја минал во автомобил и се симнал непосредно пред целта!


Во маратонската трка првпат на едни Игри се појавија двајца црни Африканци од племето Цвана, како дел од Светската изложба. Еден од нив (Лен Тау) стигнал деветти на целта, но многумина очевидци велат дека веројатно ќе бил меѓу најдобрите доколку не бил бркан од агресивни кучиња повеќе од една милја надвор од патеката!


Арчи Хан, познат и како Метеорот од Милвоки, победи во три атлетски дисциплини - на 60, 100 и 200 метри. На 200 метри постави олимписки рекорд со време од 21,6 секунда што опстојуваше 28 години.

На Игрите во Сент Луис настапија околу 650 спортисти (меѓу нив само шест жени) од 12 земји во 91 спортска дисциплина. Поради оддалеченоста на Европа и големите трошоци, повеќето спортисти беа од САД, а само стотина од други земји, повеќето од Канада. Ги немаше спортистите од Велика Британија, Франција, Шведска.  

Извор: Нова Македонија

Friday, June 29, 2012

Хаотични Игри во Париз во 1900 година!

Вторите Олимписки игри што се одржаа во Париз од 14 мај до 28 октомври 1900 година беа во рамките на Светската изложба чиј организатор беше главниот француски град. Француската влада, пак, ги презеде работите за организирањето на Игрите. Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) беше ставен во втор план и немаше некои поголеми ингеренции. Баронот Де Кубертен подоцна коментираше: „Вистинско чудо е како Олимпиското движење ја преживеа изложбата во Париз“.

Развлеченоста на натпреварите во период од неколку месеци направи некои спортисти воопшто и да не знаат дека всушност настапуваат на Олимписки игри што немаа свечено отворање или затворање. Во весниците натпреварите се нарекуваа „Меѓународни игри“, „Првенство на Париз“ или „Светско првенство“. Жените првпат добија дозвола да се натпреваруваат на Игрите, а прва жена-победник стана англиската тенисерка Шарлот Купер.


Јунак на Игрите беше Американецот Алвин Кренцлејн, кој победи во четири атлетски дисциплини - 60 метри, 110 метри со пречки, 200 метри со пречки и во скок во далечина. Генерално имаше многу победници-Французи, што не е чудо, бидејќи во многу дисциплини настапија само натпреварувачи од земјата-домаќин. И во Париз победниците добиваа сребрени, а второпласираните бронзени медали.

Во маратонската трка патеката беше лошо маркирана и поради тоа многу тркачи се загубија и потоа мака мачеа да се вратат таму каде што треба. На некои делови од патеката тие беа попречувани од автомобили, мотоциклисти, пешаци, па и животни. Американецот Артур Њутон, кој заврши како петти, тврдеше дека никој не го минал на патеката, отворено сомневајќи се дека некои од неговите противници трчале по пократка патека. Како и да е, за победник беше прогласен домашниот тркач Мишел Теато.

Поновите истражувања, сепак, потврдија дека тој и не бил Французин туку Луксембуржанец и како таков се претставувал цел живот. Во атлетските натпревари доминираа Американците, а единствен победник неамериканец беше Унгарецот Рудолф Бауер, во фрлање диск.

На Игрите настапија околу 1.000 спортисти (22  жени) од 24 земји, кои се натпреваруваа во 19 спорта. Во Париз беа застапени и некои спортови што повеќе никогаш не беа третирани на ОИ, како што се автомобилизам, мотоциклизам, крикет...                                         

(Продолжува)

Извор: Нова Македонија


Thursday, June 28, 2012

На првите Игри пливачите се бореле за живот и за победа

Олимписките игри во Лондон од 27 јули до 12 август ќе бидат 30-ти по ред. Историјата на модерните Игри почна во 1896 година. Во наредните денови „Нова Македонија“ ќе објави кратки приказни за досегашните 29. ЛОИ 

На првите модерни Летни олимписки игри (ЛОИ) што се одржале од 6 до 15 април 1896 година во Атина, настапиле 245 спортисти (над 200 биле Грци) од 14 земји во 43 спортски дисциплини. Игрите, кои привлекоа најголем број спортисти и гледачи дотогаш видени на едно место, беа прогласени за голем успех. Врв на спортскиот настан беше маратонската трка во која победи Гркот Спиридон Луис, кој беше бурно поздравен од над 100.000 гледачи на стадионот Панатинаикос.

Луис, по професија носач на вода, го освои највредниот медал за Грција во атлетика и стана национален херој. Но најуспешен спортист на Игрите беше германскиот борач и гимнастичар Карл Шуман со четири медали.


Унгарецот Алфред Хајош победи во две пливачки дисциплини, на 100 метри и на 1.200 метри, на натпреварите што се одржале во краток временски интервал на отворено море. Пливачите биле пренесувани со брод на отворено море во студената вода и потоа пливале до брегот. „Желбата за живот беше поголема од желбата да победам“, откри Хајош подоцна.






Алфред Хајош


На првите Игри немаше светски рекорди, а Американецот Томас Бурк победи во трката на 100 метри со време од 12 секунди и во трката на 400 метри (54,2 секунди). Интересно е што Бурк бил единствениот атлетичар што стартувал наведнат со коленото допрено на земјата (како и модерните атлетичари) што ги збунило судиите, кои, сепак, му дозволиле да стартува од таква „некомфорна“ положба.

Во Атина на програмата бил и тенисот, кој бил многу популарен кон крајот на 19 век, но на Игрите не се појавиле тогаш најдобрите светски тенисери. Во Атина била интонирана олимписката химна компонирана од Спирос Самарас (музика) и Костас Паламас (текст). Подоцна различни песни во повеќе различни варијанти се изведувале до ЛОИ во Рим во 1960 година. ИОК тогаш решил таа композиција на Самарас и Паламас да стане официјална химна на Олимписките игри.


Победниците на првите Игри добиле сребрен медал, маслинов венец и диплома, а второпласираните медал направен од бакар, лавров венец и диплома. Немало медали за третопласираните, но подоцна ИОК ги нотирал третопласираните како освојувачи на медали.

(продолжува)


Извор: Нова Македонија

Wednesday, June 27, 2012

Серијал - градови домаќини на EURO 2012 во Полска и Украина: Варшава

Варшава „градот феникс“ е домаќин на отворањето на ЕУРО 2012.
teren500
Град: Варшава.
Држава: Полска.
Провинција: Мазовија.
Жители: 1.700.000.
Стадион: „Национален стадион Варшава“, капацитет 50.000 седишта.
Варшава е познат како „градот феникс“ поради неговото опстојување и по неколку тешки разурнувања низ историјата, а како најголемо ќе остане запаметено она од Втората светска војна кога биле уништени 80% од Градот.
vrsava500
Варшава е Полски главен град од 1596 година се до денес, а кога државата била под туѓа окупација тој бил главен град на провинцијата Полска. Основан е некаде помеѓу 9 и 10 век под името Бродно, а името Варшава го добива во 1300 година. Градот лежи на бреговите од реката Висла. Стариот дел на Градот е под заштита на УНЕСКО од 1980 година, тој во последниве 60 години е целосно реставриран и конзервиран.
Во стариот дел на Варшава главна туристичка атракција е „Кралскиот пат“ кој ги поврзува Кралскиот дворец и Кралскиот плоштад. Градот има 60 музеи од кој најпознат е „Музејот на постерите“.
Значајни светски личности родени во Варшава се: Марија Кири, Фредерик Шопен и Кшиштов Кишловски.
stadion500
Доњецк е еден од градовите домаќини на ЕУРО 2012 и за таа цел го изгради „Националниот стадион Варшава“ со капацитет од 50.000 седишта. Градежните работи започнаа во 2008 година, а завршија во 2011 гоидна. Проектот чинеше цели 500 милиони евра, а го проектираше светски познатото „Геркан студио“.
Отворањето на ЕУРО 2012 ќе се одржи токму на овој стадион. На „Националниот стадион Варшава“ ќе се одиграат три натпревари од групата „А“, еден четвртфинален меч и еден полуфинален меч.
Фан зоната ќе биде сместена веднаш до железничката станица, распослана на 120.000 м2 , може да прими 100.000 посетители. Во сите денови за време на турнирот, фан зоната ќе работи од 10:00 до 01:00 часот по полноќ - локално време. На шест џиновски екрани ќе бидат пренесувани сите натпревари, вкупно 31. Фан зоната ќе понуди и концерти, забави со ди-џеи, терени за мал фудбал, игри за тестирање на индивидуалните фудбалски вештини и многу штандови со храна и пијалоци. Влезот ќе биде слободен.
За да пристигнете во Варшава најдобро е да ја користите железницата која е поврзана со цела Источна и Западна Европа. Можете да стигнете и со автобус или преку аеродромот „Фредерик Шопен“ кој е на 8 км од градот.
Мотото на овој град за ЕУРО 2012 гласи: „Им пркосиме на бурите“.

Серијал - градови домаќини на EURO 2012 во Полска и Украина: Киев

На „Олимпискиот Стадион“ во Киев ќе биде одиграно финалето на ЕУРО 2012.
kiev-500
Град: Киев.
Држава: Украина.
Провинција: Киевска Област.
Жители: 2.820.000.
Стадион: „Олимписки Стадион“, капацитет 60.000 седишта.
kiev2-500
Опишан како „Радост на светот“ од средновековните хроничари, Киев во периодот меѓу 10 и 13 век бил престолнина на првата Источно-словенска цивилизација позната како Киевска Русија. Градот вистински просперирал по 989 година кога Владимир Велики решил да го издигне по урнек на Константинопол. За таа цел се оженил со ќерката на Византискиот император и го примил православното христијанство. Киевските славни денови завршиле во 1240 година кога Монголците го освоиле и го уништиле. Во идните векови Киев постојано бил окупиран од различни окупатори се до советската ера кога бил назначен за главен град на советска Украина.
kiev3-500
Киев е град на северот од Украина, лежи на бреговите на реката Дњепар и е главен град на државата. Има повеќе од 100 музеи, 33 театри и 141 библиотека. Од музеите задолжително треба да се посети „Музејот на народната архитектура и селскиот живот“. Тој е музеј на отворено и зафаќа површина од цели 16 хектари. Во Киев задолжително треба да ги посетите и „Киевскиот пештерски манастир“ еден од најстарите, а воедно најсветиот манастир на територијата на целиот поранешен СССР. Исто така треба да се посети најстарата катедрала во градот, Св. Софија која е под заштита на УНЕСКО.
olimpiski-stadion1-500
Киев е роден град на познати светски личности меѓу кои: Казимир Маљевич, Михаил Булгаков и Мила Јовович.
„Олимпискиот Стадион“ беше целосно реновиран, а за таа цел беа потрошени околу 550 милиони долари и има капацитет од 60.000 седишта. Стадионот е изграден во далечната 1923 година, а натпреварот на домашниот Динамо против Баерн Минхен во 1977 година го следеле неверојатни 103.000 гледачи. На „Олимпискиот Стадион“ ќе бидат одиграни три натпрервари од групата „Д“, еден четвртинален меч и финалето.
olimpiski-stadion-500
Фан зоната ќе биде сместена во самиот центар на градот. На четири џиновски екрани ќе бидат пренесувани сите натпревари, вкупно 31. Фан зоната на посетителите ќе им понуди разновидна забава, а ќе работи секој ден од 12:00 до 01:00 по полноќ, по локално време.
До Киев може да се стигне по копно со воз или автобус. До градот можете да стигнете и преку еден од двата аеродроми, „Зилјани“ се наоѓа на 8 км. северозападно и „Бориспил“ 35 км. источно од Киев. 

Серијал - градови домаќини на EURO 2012 во Полска и Украина: Доњецк

Доњецк е градот со најмодерен стадион на ЕУРО 2012.
donbas

Град: Доњецк.
Држава: Украина.
Провинција: Доњецка Област.
Жители: 1.100.000.
Стадион: „Донбас Арена“, капацитет 50.000 седишта.

Доњецк е град речиси без историја. Формиран е во 1869 од страна на велшанецот Џон Хјуз кој таму поседувал неколку рудници, под името Јузувка. Во време на советска Украина градот се вика Сталиново. Денес Доњецк е супермодерен град со високо развиена индустрија. Вистинска демографска експанзија доживува после Втората светска војна, кога од 175.000 жители достигнува до еден милион. Во градот мнозинство од жителите се етнички Руси.
Градот е поделен на јужен инустриски и северен резиденцијален дел. Во Доњецк нема да најдете стари историски градби но затоа градот изобилува со паркови полни со скулптури од советско време каоко што е „Ленин парк“ близу „Донбас Арената“.
don
Ако сте љубители на големи трговски центри и шопинг молови, тогаш овој град За потребите на ЕУРО 2012 е изграден најубавиот ултрамодерен стадион „Донбас Арена“ со капацитет од 50.000 седишта. Градежните работи започнаа во 2006 година, а завршија во 2009 година . Проектот чинеше 400 милиони евра од кои 320 милиони ги обезбеди сопственикот на фудбалскиот клуб Шахтјор Доњецк, милијардерот Ринат Ахметов. Отворањето беше во 2009 година на денот на рударите 29 август со концерт на светската музичка ѕвезда Бијонсе Ноулс. На овој стадион ќе се одиграат три натпревари од групата „Д“ и еден четвртфинален меч.
stadi
Доњецк може да се пофали и со најголемата фан зона на ова ЕУРО која ќе се простира на неверојатни 96.000 м2 сместена веднаш до автобуската станица. Во сите денови за време на турнирот фан зоната ќе работи од 12:00 до 02:00 часот по полноќ - локално време. На три џиновски екрани од по 100 м2 ќе бидат пренесувани сите натпревари, вкупно 31.
Фан зоната ќе понуди и концерти, забави со ди-џеи, терени за мал фудбал, игри за тестирање на индивидуалните фудбалски вештини и многу штандови со храна и пијалоци. Влезот ќе биде слободен.
najm
За да пристигнете во Доњецк можете да ја искористите добро развиената патна и железничка мрежа, но со оглед на оддалеченоста, најдобар начин е да пристигнете со авион преку „Интернационалниот аеродром“ кој се наоѓа на 8 км од градот и има линии до сите големи европски центри.
donbass_arena_
Мотото на овој град за ЕУРО 2012 гласи: „Можноста се докажува со бизнис“.

Серијал - градови домаќини на EURO 2012 во Полска и Украина: Вроцлав

Во Вроцлав ќе се играат натпреварите од групата А, односно овој град ќе биде домаќин на натпреварите на Чешка, Грција и Русија.
vrocxlav-500
Град: Вроцлав.
Држава: Полска.
Провинција: Долна Шлезија. Жители: 633.000.
Стадион: „Мунисипал Вроцлав“, капацитет 40.000 седишта.
Градот Вроцлав е основан како Бохемиско утврдување на раскрсницата на две големи трговски рути Виа Региа и Патот Амбер. За прв пат се споменува во 10 век под името Вратислава по името на Бохемискиот Војвода Вратислав. Кон крајот на 10 век станува дел од Кралството Полска, а подоцна и главен град на Шлезија. Долго време бил под пруско - германска власт, а со промената на границите по Втортата светска војна влегува во составот на денешна Полска и е главен град на провинцијата Долна Шлезија.
vroclav-500
Доколку отидете во Вроцлав, задолжително треба да го посетите „Градскиот плоштад“, кој еден од најголемите во Европа. Изобилува со убави стари градби во повеќе стилови, а особено впечатлива е „градската куќа“, која датира од 14 век. На плоштадот се наоѓа и некогашниот пазар за сол, а денес цветен пазар. Отидете и на групата острови на реката Одра, кои се блиску еден до друг и поврзани со мостови. Тие важат за едни од најромантичните места за прошетки на младите. На островите има бројни катедрали, од кои најпозната е Св. Јован Крстител, во која што се наоѓа најголемиот музички инструмент – орган, во цела Полска. Во Вроцлав можете да уживате во бројните музеи и театри, како и во Вроцлавската Опера. Не пропуштајте да ја посетите и Јапонската градина која е сместена во паркот Шчутницки.
vroclav2-500
Вроцлав беше избран да биде еден од осумте градовите домаќини на ЕУРО 2012 и за таа цел беше изграден стадионот „Мунисипал Вроцлав“ со капацитетот од 40.000 седишта. Изградбата започна во 2009 год. а заврши во 2011 год. Стадионот беше отворен со боксерскиот меч помеѓу Виталиј Кличко и Томаж Адамек. За изградбата беа потрошени 165 милиони евра. На овој стадион ќе бидат одиграни три натпревари во групата Ц, сите на чешката репрезентација. Поради близината на границата со Чешка се очекува голем број на чешки навивачи.
stadion-vroclav-500
Фан зоната има капацитет од 30.000 посетители и ќе биде сместена на плоштадот „Ринек“ во срцето на градот. Во сите денови за време на турнирот фан зоната ќе работи од 10:00 до 00:00 часот на полноќ - локално време. На три големи екрани ќе бидат пренесувани сите натпревари, вкупно 31. Фан зоната ќе понуди и концерти, забави со ди-џеи, терени за мал фудбал, игри за тестирање на индивидуалните фудбалски вештини и многу штандови со храна и пијалоци. Влезот ќе биде слободен.
stadion-vroclav-2500
За да пристигнете во Вроцлав можете да ги искористите добрите копнени врски со цела Европа. Исто така можете да пристигнете и преку аеродромот „Коперник“, кој се наоѓа на оддалеченост од 13 км од градот.
Мотото на овој град за ЕУРО 2012 гласи: „Вроцлав - местото каде што ќе се најдеме“.

Серијал - градови домаќини на EURO 2012 во Полска и Украина: Гдањск

Претставување на градови - домаќини на ЕУРО 2012 во Полска и Украина - Гдањск.
gdansk3-500
Гдањск е еден од четирите градови во Полска каде ќе се играат натпреварите од ЕП.
Град - Гдањск
Држава: Полска.
Провинција: Помераниа.
Жители: 460.000.
Стадион: „Арена Гдањск“, капацитет 40.000 седишта.
Наполеон рекол: „Гдањск е клуч за се“. Токму со нападот на Гдањск почнала Втората светска војна, а Лех Валеса во Гдањск го формирал движењето „Солидарност“, кое подоцна ќе ја ослободи Полска од стегите на комунизмот. Гдањск е град на северот од Полска и лежи на устието на реката Мотлава. Градот зафаќа површина од 262 км2 и е најголемото и најважното пристаниште во земјата. Во минатото Гдањск бил важен трговски и поморски центар и заради тоа бил често напаѓан и освојуван. До средината на 16 век бил најголем полски град, а потоа бил главно под пруска окупација се до крајот на Првата светска војна. Во тој период Гдањск неколку пати функционирал и како град-држава со свои обележја, знаме, грб и химна, а од 1946 година се развива под знамето на Полска.
gdansk2-500
Гдањск е роден град на значајни личности од светската културна и научна историја, а меѓу најпознатите се: Габриел Даниел Фаренхајт, Артур Шопенхауер и нобеловецот Гинтер Грас.
Едно од местата што вреди да се посети е стариот град, кој се протега околу улицата „Долга“ граден во 17 век. Градот е преполн со катедрали, од кои најпозната е „Базилика Мариачка“ (Св. Марија) изградена во 15 век, позната како најдолгата црква во светот изградена од тули. Во Гдањск се наоѓа и најголемиот средновековен кран, меѓу мештаните познат како „Журав“, а вредно е да се посети бродот музеј „СС Солдек“, кој сведочи за почетоците на бродоградбата во градот.
gdanjs-500
Гдањск беше избран да биде еден од градовите домаќини на ЕУРО 2012 и за таа цел беше изграден стадионот „Арена Гдањск“ со капацитет од 40 000 седишта. Во овој град ќе бидат одиграни вкупно четири натпревари, и тоа: три од групната фаза (сите три натпревари на шпанската репрезентација) и еден четвртфинален натпевар.
stadion-gdansk2-500
Фан зоната ќе има капацитет од 30.000 луѓе и ќе биде сместена на плоштадот „Народни собири“. Зоната е во непосредна близина на автобуската и железничката станица. Во средината на фан зоната ќе има голем лцд екран од 100 м2. Во деновите кога има натпревари ќе работи од 12:00 до 01:00 часот по полноќ - локално време, а во другите денови од 14:00 до 00:00 часот. Покрај тоа што ќе бидат пренесувани сите натпревари, вкупно 31 наброј, фан зоната ќе понуди и концерти забави со ди-џеи, терени за мал фудбал и многу штандови со храна и пијалоци.
stadion-gdanjs-500
Во Гдањск може да се стигне со воз и автобус или преку аеродромот „Лех Валеса“, кој е на 14 км од градот.
Мотото на градот за ЕУРО 2012 гласи: „Ни пребзо, ни срамежливо.“ 

Серијал учесници на EURO 2012: Франција

Двократниот европски шампион Франција (1984 и 2000 година) на ЕУРО 2012 ќе го има своето осмо учество.
Група „Д“: Франција.

Состав:
голмани: Седрик Карасо (Лил), Хуго Лорис (Лион), Стив Манданда (Марсеј).
одбрана: Метју Дебуши (Лил), Антони Ревеље (Лион), Гаел Клиши (Манчестер Сити), Патрис Евра (Манчестер Јунајтед), Лорен Кошчиелни (Арсенал), Адил Рами (Валенсија), Филип Мексес (Милан).
среден ред: Алу Диара (Марсеј), Јан Мвила (Рен), Марвин Мартин (Сошо), Блес Матуиди (ПСЖ), Јоан Кабај (Њукасл), Флорен Малуда (Челзи), Самир Насри (Манчестер Сити).
напад: Оливие Жиру (Монпеље), Жереми Менез (ПСЖ), Метју Валбуена (Марсеј), Атем Бен Арфа (Њукасл), Карим Бензема (Реал Мадрид ), Френк Рибери (Баерн Минхен).
Селектор: Лоран Блан.

На ова ЕП, Французите ќе се потпрат на „генерацијата 87“ како што ја нарекуваат медиумите групата на играчи родени 1987 година кои во 2004 година го освоија ЕП за играчи до 17 години. Селекторот Лоран Блан повика пет играчи од оваа генерација и тоа: Насри, Бензема, Менез, Матуди и Бен Арфа.
Блан практикува формација 4-2-3-1 со Бензема како најистурен во нападот. Капитен на Франција ќе биде голманот Хуго Лорис од Лион. Костурот на тимот покрај „генерацијата 87“ ќе го состават и првата ѕвезда Рибери од Баерн Минхен, бранителот на Милан Филип Мексес и ветеранот Флоран Малуда од Челзи.

Франција во групата „Д“ силите ќе ги одмери со Англија, Украина и Шведска. Нивната цел на ова ЕП е пласман помеѓу осумте најдобри.

- Ова е една нова генерација на Франција, првиот чекор од смената на генрацијата успешно го направивме а тоа беше пласман на ЕУРО 2012. Вториот чекор ќе биде пласман во осминафиналето, а за третиот чекор ќе видиме дали сме подготвени, ги искажа своите очекувања од настапот на ЕУРО 2012 францускиот селектор Блан.

Коефициент за титула: 10.5.

ФИФА ранг-листа: 14.

Серијал учесници на EURO 2012: Шведска

Со репрезентацијата на Шведска го продолжуваме претставувањето на учесниците во „Д“ групата од еврошампионатот 2012.
Група „Д“: Шведска.
Состав:
голмани: Андреас Исаксон (ПСВ), Јохан Виланд (Копенхаген), Пар Хансон (Хелзингборг).
одбрана: Микаел Антонсон (Болоња), Андреас Гранквист (Џенова), Олаф Мелберг (Олимпијакос), Јонас Олсон (Вест Бромвич), Мартин Олсон (Блекбурн), Бехранг Сафари (Андерлехт), Микаел Лустиг (Селтик).
среден ред: Емир Бајрами (Твенте), Расмусен Елм (АЗ Алкмаар), Самуел Холмен (Истанбул ББ), Ким Калстром (Олимпик Лион), Себастијан Ларсон (Сандерланд), Андерс Свенсон (Елфсборг), Понтус Вернблом (ЦСКА Москва), Кристијан Вилхелмсон (Ал Хилал).
напад: Јохан Елмандер (Галатасарај), Тобајас Хисени (ИФК Гетеборг), Златан Ибрахимовиќ (Милан), Маркус Росенберг (Вердер Бремен), Ола Тоивонен (ПСВ).
Селектор: Ерик Хамрен.
Шведскиот национален состав по петти пат ќе се најде на завршницата на Европските првенства. Во досегашните учества најдобар резултат постигнале 1992 година кога беа домаќини со пласманот во полуфиналето. Како најдобро второпласирана во квалификациите за ова ЕП со осум победи и два пораза, Шведска го избегна баражот. Швеѓаните во овие квалификации му го нанесоа единствениот пораз на светскиот вицепрвак Холандија.
Селектор на Шведска е Ерик Хамрен, анонимец за Европа, но со големи успеси во Скандинавија, каде пред да седне на селекторската клупа ги освои Данската лига со Алборг и Норвешката со Розенборг. Тој практикува 4-2-3-1 формација со Елмандер во нападот.
- Нашата група е многу тешка, дури и да одиграме три перфектни мечеви не можеме да бидеме сигурни во пласманот. Најмногу проблеми очекувам од Франција, бидејќи нивниот технички дотеран фудбал најмалку ни одговара, изјави Хамрен за сајтот на УЕФА.
Прва ѕвезда во тимот ќе биде капитенот Златан Ибрахимовиќ, а тука се и Јохан Елмандер од Галатасарај, Ким Калстром од Лион и искусниот Олаф Мелберг од Олимпијакос. Покрај овие докажани играчи во шведскиот состав има и неколку млади играчи кои се иднината на шведскиот фудбал како Ола Тоивонен (ПСВ) и Мартин Олсон (Блекбурн).
Шведска се наоѓа во групата „Д“ заедно со репрезентациите на домаќинот Украина, Франција и Англија, една од најнеизвесните групи на ЕУРО2012 за која тешко може да се каже кој натпревар ќе биде одлучувачки за Швеѓаните.
– Ние не сме фаворити ниту против Украина, а камоли против Франција или Англија. Притисокот е врз нив, ние само треба да одиграме како што знаеме. Нашата цел е пласман во четвртфиналето, изјави по победа во контролниот меч со Србија пред два дена, селекторот Хамрен.
Коефициент за титула: 51.
ФИФА ранг-листа: 17.

Серијал учесници на EURO 2012: Украина

Претставувањето на земјите учеснички на ЕУРО 2012, МИА го завршува со репрезентацијата ко-домаќин Украина.
Група Д: Украина.
Состав:
голмани: Андриј Пјатов (Шахтјор Донецк), Олександр Горијанов (Металист Харков), Максим Ковал (Динамо Киев).

одбрана: Олександр Кучер, Вјачеслав Шевчук и Јарослав Ракицки (Шахтјор), Тарас Михалик, Евгениј Хачериди (Динамо Киев), Бохдан Бутко (Иличевец), Евгени Селин (Ворскла Полтава).

среден ред: Анатолиј Тимошчук (Баерн Минхен), Олег Гусев, Олександр Алиев, Андриј Јармоленко, Денис Хармаш (Динамо Киев), Руслан Ротан, Евгениј Коноплјанка (Дњепар Днепропетровск), Серхио Назаренко (Таврија).

напад: Андриј Шевченко, Артем Милевски (Динамо Киев), Андриј Воронин (Динамо Москва), Евгени Селезнов, Марко Девич (Шахтјор Донецк).

Селектор: Олег Блохин.
Украина за првпат во својата историја ќе игра на завршницата на Европските првенства по осамостојувањето во 1991 година. Претходно има учествувано на ЕП, но како дел од репрезентацијата на СССР. Украинците не играа во квалификациите, бидејќи добија вајлд-карта од УЕФА како ко-домаќини на ова првенство.

Селекторот Олег Блохин како играч е рекордер по бројот на настапи (112) и голови (42) за поранешниот СССР, но како тренер нема позначајни успеси. Тој и претходно ја предводеше Украина како селектор кога на СП 2006 во Германија се пласираа во четвртфиналето. Практикува 4-4-2 формација кога напаѓа и 4-2-3-1 како позатворена варијанта.
Капитен на Украина ќе биде 35-годишниот ветеран Андриј Шевченко кој вели дека ова ЕУРО 2012 кое ќе се одржи во неговата татковина е исполнување на неговиот сон. За биде дел од него, популарниот „Шева“ ја продолжил својата кариера иако го мачат повреди. Играч во фокусот околу кој Блохин ја гради својата игра и од кого најмногу се очекува е „среднистот“ Алекснадар Алиев од Динамо Киев. Тој ја предводеше репрезентацијата на Украина за играчи до 21 година до финалето на ЕУРО 2006. Од таа генерација првотимци на ЕП ќе бидат и Артем Милевски и голманот Андриј Пјатов.

Украина се наоѓа во групата „Д“ заедно со репрезентациите на Шведска, Франција и Англија, една од најнеизвесните групи на ЕУРО 2012. Домашната репрезентација се надева дека со поддршка од трибините ќе успее да оствари две победи и со тоа да си го осигура пласманот во четвртфиналето што е примарна цел на селекторот Блохин.

Коефициент за титула: 41.

ФИФА ранг-листа: 52.

Серијал учесници на EURO 2012: Хрватска

Со репрезентацијата на Хрватска го започнуваме претставувањето на репрезентациите од групата „Ц“ на Европското фудбалско првенство кое од петок до 1 јули ќе се игра во Полска и Украина.
Група Ц: Хрватска.
Состав:
голмани: Стипе Плетикоса (Ростов), Даниел Субашиќ (Хајдук Сплит), Иван Келава (Динамо Загреб) .
одбрана: Ведран Чорлука (Тотенхем), Јосип Шимуниќ (Динамо Загреб), Иван Стриниќ (Днипро), Гордон Шилденфелд (Ајнтрахт Франкфурт), Домагој Вида (Динамо Загреб) и Јурица Булат (Макаби) .
среден ред: Дарио Срна (Шахтјор), Огнен Вукоевиќ (Динамо Киев), Иван Ракитиќ (Севиља), Томислав Думовиќ (Динамо Москва), Лука Модриќ (Тотенхем), Миле Бадели (Динамо Загреб), Нико Крањчар (Тотенхем), Иван Перишиќ (Борусија Дортмунд) и Иво Иличевиќ (Хамбургер).
напад: Марио Манџукиќ (Волфсбург), Едуардо да Силва (Шахтјор), Никица Јелавиќ (Евертон) и Никола Калиниќ (Днипро) .

Селектор: Славен Билиќ.
Хрватска по четврти пат ќе учествува на едно Европско првенство. Во претходните три учества има забележано две четвртфиналиња. На ова ЕП Хрватска ќе игра во групата „Ц“ заедно со Шпанија, Ирска и Италија. Иако според имињата групата „Ц“ е доста силна група, Хрватите не се без шанси, пред се поради недокажаниот квалитет на актуелниот италијански тим, кој дополнително е оптоварен со аферите за местење натпревари во домашното првенство.

Селекторот Славен Билиќ после ЕУРО 2012 ќе го напушти селекторското место. Тој веќе потпиша тренерски договор со Динамо Москва и според медиумите во Хрватска тоа дополнително ќе ја влоши разнишаната атмосфера во тимот, една од причините „коцкастите“ да завршат зад Грција во квалификациите и да играат бараж со Турција.
Билиќ практикува да игра физички фудбал во класичната 4-4-2 формација со игра прилагодена кон играта на првата ѕвезда Лука Модриќ. Од инспирацијата на Модриќ многупати зависеле резултатите на натпреварите што ги играла хрватската репрезентација, а се очекува така да биде и на ова првенство. Покрај Модриќ многу важен играч е и капитенот Дарио Срна, а од младиот играч Иван Перишиќ се очекува да се наметне како идна ѕвезда на тимот. Хрватскиот селектор во нападот се одлучи за Јелавиќ, Манџукиќ и Едуардо, а од списокот ги избриша ветераните Петриќ и Класниќ.

Првиот натпревар Хрватска ќе го игра на 10 јуни против Република Ирска.

- Тоа е натпреварот што мора да се добие, ни реми нема да ни биде од голема помош за да ја оствариме нашата цел, а тоа е пласман меѓу осумте најдобри. Доколку ги совладаме Ирците тогаш и бод против големите Шпанија и Италија може да ни биде доволен, изјави капитенот Срна за Индекс.

Коефициент за титула: 41.

ФИФА ранг-листа: 8.

Серијал учесници на EURO 2012: Ирска

Република Ирска на ЕП 2012 е во групата „Ц“ заедно со Хрватска, Шпанија и Италија.
Група Ц: Република Ирска.
Состав:
голмани: Шеи Гивен (Астон Вила), Дејвид Форд (Милвол), Керин Вествуд (Сандерленд);

одбрана: Ричард Дан (Астон Вила), Кевин Фоли (Вулверхемптон), Стивен Кели (Фулам), Дарен О'Ди (Селтик), Шон Сент Леџер (Лестер), Стивен Ворд (Вулверхемптон), Џон О'Шеи (Сандерленд);

среден ред: Кит Ендрјус (Вест Бромвич), Дамјан Даф (Фулам), Кит Феј (Бирмингем), Дарен Гибсон (Евертон), Ејдан Макгиди (Спартак Москва), Стивен Хант (Вулверхемптон), Џејмс Меклин (Сандерленд), Глен Вилан (Стоук);

напаѓачи: Сајмон Кокс (Вест Бромвич), Кевин Дојл (Вулверхемптон), Роби Кин (Лос Анџелес Галакси), Шејн Лонг (Вест Бромвич) и Џонатан Волтерс (Стоук).

Селектор: Џовани Трапатони.
ЕУРО 2012 ќе биде само второ учество за ирската репрезентација на континенталните шампионати. Ирска е најголемиот аутсајдер во групата „Ц“, а и воопшто на шампионатот. Ирците во квалификациите беа втори зад Русија и во баражот добија вистински „подарок“ во репрезентацијата на Естонија.

Селекторот на Ирска, италијанецот Џовани Трапатони е највозрасниот селектор на ова ЕП. Тој во својот тим нема ѕвезди ниту позвучни имиња освен ветеранот Роби Кин. Ирците на првенството доаѓаат без поголеми амбиции и секој освоен бод ќе го сметаат за успех.
Трапатони практикува позатворена игра и игра на контри, секако искусниот стратег добро ќе знае да го искористи и најсилното оружје на неговите избраници, играта со глава. Поголемиот дел од ирските репрезентативци играат во англиската Премиер лига но ги има и од пониските англиски дивизии. Најзвучни имиња се Шеи Гивен од Астон Вила, Џон О’Шеи од Сандерленд, Дарен Гибсон од Евертон и капитенот Роби Кин од Лос Анџелес. Во името на Џејмс Мекартни 21 годишен играч на Виган, Ирците ја гледаат иднината и очекуваат на ова ЕП да ја покаже својата класа.

Капитенот Кин е свесен за статусот на аутсајдер во групата „Ц“.

- Нека не сметаат за аутсајдери. Тоа нам совршено ни одговара. Нашата самодоверба постојано расте, немаме што да изгубиме, не чувствуваме никаков притисок. Истиот состав игра заедно веќе неколку години. Првиот тим е речиси непроменет што значи добро се познаваме. Имаме целосна доверба во селекторот Трапатони и неговата тактика. Хрватска е нашата голема шанса, ако успееме а ги победиме можеме и до поголеми изненадувања на турнирот, изјави Кин за Ирскиот BBC.

Коефициент за титула: 101.

ФИФА ранг-листа: 18.

Серијал учесници на EURO 2012: Италија

Репрезентацијата на Италија за противници во групната фаза на ЕУРО 2012 ќе ги има Шпанија, Хрватска и Република Ирска.
Група Ц: Италија.
Состав:
голмани: Џанлуиџи Буфон (Јувентус), Морган де Сантис (Наполи), Салваторе Сиригу (ПСЖ).
одбрана: Инацио Абате (Милан), Федерико Балдзарети (Палермо), Андреа Бардзали (Јувентус), Леонардо Бонучи (Јувентус), Џорџо Киелини (Јувентус), Кристијан Маџо (Наполи), Анџело Огбона (Торино), Андреа Ранокиа (Интер).
среден ред: Даниеле де Роси (Парма), Алесандро Дијаманти (Болоња), Емануеле Џакерини (Јувентус), Клаудио Маркизио (Јувентус), Рикардо Монтоливо (Фиорентина), Тиаго Мота (ПСЖ), Антонио Ночерино (Милан), Андреа Пирло (Јувентус).
напад: Марио Балотели (Манчестер Сити), Фабио Борини (Рома), Антонио Касано (Милан), Мати Дестро (Сиена), Антонио ди Натале (Удинезе), Себастијан Џовинко (Парма).
Селектор: Чезаре Прандели.
Потресена од скандалите за местење натпревари, Италија по осми пат ќе учествува на едно Европско првенство. Италијанците еднаш биле шампиони во далечната 1968 година, а финалисти беа во 2000 година кога загубија од Франција за која настапуваше најдобриот светски фудбалер во тоа време Зинедин Зидан.
Италијанскиот селекторот Чезаре Прандели се соочува со исклучително тешка задача по избивањето на скандалот со наместените натпревари во „калчото“. Тој прво мораше да се откаже од некои играчи кои се поврзани со местењето, а сега се бори да ја подигне атмосферата во тимот во пресрет на првиот натпревар против Шпанија на 10 јуни. Прандели практикува модерна формација 4-3-1-2 со Антонио Ди Натале и Марио Балотели во нападот,а главната оска во средниот ред околу кој се гради играта е Андреа Пирло од Јувентус.
Овој тим на Италија е голема непознаница за сите фудбалски експерти, составен главно од играчи кои играат во Италија со исклучок на Балотели од Манчестер Сити и Тиаго Мота од ПСЖ. Тимот е комбинација од ветерани и млади играчи и практично нема ниту една ѕвезда која игра важна улога во светскиот фудбал во моментов. Капитен на Италија продолжува да биде Џиџи Буфон иако и тој е под истрага за нелегално обложување. Целокупниот систем на Прандели е подреден околу играта на ветеранот Пирло, а во одбраната прв избор е Џорџо Киелини од Јувентус.
Според италијанските медиуми доколку Марио Балотели успее да се справи со притисокот и својот темперамент може да бидe најдобриот играч на Италија на ЕУРО2012.
Натпреварот кој ќе го играат против Хрватска на 14 јуни во Познањ е најважниот за Италија на ова ЕП, бидејќи фудбалските аналитичари очекуваат тој да одлучува за патникот во следната фаза од оваа група, што за Прандели е примарна цел.
И покрај големите проблеми, оптимизмот и вербата во своите можности не ги напушта Италијаните.
- Не се плашиме од никого, ние сме Италија. Во првиот натпревар играме против актуелниот европски и светски шампион Шпанија, но нив лани ги победивме, треба само уште еднаш да одиграме таков голем натпревар, изјави синоќа Клаудио Маркизио за РАИ Спорт.
Коефициент за титула: 15.
ФИФА ранг-листа: 12.

Серијал учесници на EURO 2012: Шпанија

Репрезентацијата на Шпанија е бранител на шампионскиот трофеј и најголем фаворит за освојување на титулата на ЕУРО 2012.
Група Ц: Шпанија.
Состав:
голмани: Икер Касиљас (Реал Мадрид), Хозе Реина (Ливерпул), Виктор Валдес (Барселона).
одбрана: Хуанфран (Атлетико Мадрид), Алваро Арбелоа, Раул Албиол, Серхио Рамос (сите од Реал Мадрид), Жорди Алба (Валенсија), Жерар Пике (Барселона), Хави Мартинез (Атлетик Билбао).
среден ред: Чаби Алонсо (Реал Мадрид), Сантијаго Касорла (Малага), Чави, Сеск Фабрегас, Андрес Иниеста, Серхио Бускетс (сите од Барселона).
напад: Давид Силва (Манчестер Сити), Хесус Навас, Алваро Негредо (Севиља), Фернандо Торес, Хуан Мата (Челзи), Педро (Барселона), Фернандо Љоренте (Атлетик Билбао).
Селектор: Винсенте Дел Боске.
Актуелниот европски првак Шпанија по деветти пат учествува на едно Европско првенство. Шпанците се двократни освојувачи на ЕП и тоа во 1964 година и 2008 година, а забележаа и учество во финалето во 1984 година.
Низ квалификациите поминаа „фуриозно“ со осум победи од осум натпревари. Селекторот Висенте Дел Боске се соочува со проблеми по откажувањето на Карлес Пујол и Давид Виља поради повреди, играчи за кои тој смета дека се незаменливи во составот на „Фуријата“. Дел Боске по контролниот меч со Чиле изјави дека го загрижува и играта на средниот ред која е малку побавна во однос на онаа со која го освоија Светското првенство во 2010 година, но се надева дека со помош на некој од новите играчи ќе успее да ја освежи линијата за врска.
Истата забелешка за играта на средниот ред ја имаат и медиумите во Шпанија кои причината за ваквата игра ја бараат во возраста на играчите, но и презаситеноста со трофеи особено на оние кои доаѓаат од Барселона.
Алиби изјави можат да се слушнат и од играчите како што е последната на Иниеста дека ЕП е многу потешко од СП и е потребен многу поголем напор, а и среќа за освојување на првото место.
Јавноста во Шпанија и понатаму од нив бара титула и ништо помалку со што им создава дополнителен притисок кој за играчи од нивен калибар не би требало да претставува проблем.
Од младите играчи шанса во првиот тим со сигурност ќе добие Жорди Алба од Валенсија играч кој перфектно ги одигра квалификациите, а имаше одлична сезона и на клупско ниво. За него се заинтересирани гигантите Реал Мадрид и Барселона и неколку премиерлигашки тимови.
Репрезентацијата на Шпанија изобилува со ѕвезди, играчи од самиот врв на светскиот фудбал како Чави, Иниеста, Касиљас, Торес, Рамос, Силва, Мата, Фабрегас и Алонсо. Капитен на овој тим ќе биде голманот Икер Касиљас. Играта се очекува да биде во нивен стил со голем посед на топката и многу додавања, игра за која специјалисти се Чави и Иниеста. Нападот во отсуство на Виља ќе се потпре на Давид Силва, а вториот напаѓач ќе се бара меѓу Фернандо Торес и Фернандо Љоренте.
Шпанија во групата „Ц“ силите ќе ги одмери со Италија, Хрватска и Ирска. Шпанците  очекуваат сигурен пласман во следната фаза на првенството и тие заедно со Германците се главни фаворити за освојување на Европското првенство. Шпанија го има најскапиот тим и најдобриот рејтинг во однос на другите учесници на ова ЕП.
Коефициент за титула: 3.75.
ФИФА ранг-листа: 1.

Серијал учесници на EURO 2012: Русија

Репрезентацијата на Русија на Европското првенство се наоѓа во групата „А“ со репрезентациите на Полска, Чешка и Грција.
Состав:
голмани: Игор Акинфеев (ЦСКА Москва), Вачеслав Малафеев (Зенит) и Антон Шунин (Динамо Москва).
одбрана: Александер Анјуков (Зенит), Алексеј Березутски (ЦСКА Москва), Василиј Березутски (ЦСКА Москва), Сергерј Игнашевиќ (ЦСКА Москва), Владимир Гранат (Динамо Москва), Јури Жирков (Анжи), Дмитри Комбаров (Спартак Москва), Роман Шаронов (Рубин) и Роман Шишкин (Локомотив Москва).
среден ред: Игор Денисов (Зенит), Константин Зирјанов (Зенит), Роман Широков (Зенит), Денис Глушаков (Локомотив Москва), Могомед Оздојев (Локомотив Москва) и Игор Семшов (Динамо Москва).
напад: Андреј Аршавин (Зенит), Александер Кержаков (Зенит), Алан Џагоев (ЦСКА Москва), Артем Џиуба (Спартак Москва), Александар Кокорин (Динамо Москва), Роман Павличенко (Локомотив Москва) и Павел Погребњак (Фулам).
Селектор: Дик Адвокат.
Полуфиналистот од минатото ЕП тргнува во поход на Полска и Украина со амбиции за подобрување на пласманот од претходниот шампионат, што би значело пласман во големото финале. Ова очекување Русите освен на составот го темелат и на публиката како фактор. Најавено е присуство на голем број руски навивачи заради близината на Русија до домаќините на првенството.
Но, дали е тоа доволно? Повеќе фактори одат во спротивна насока од амбициите на Русите. Како на пример, тоа што повеќето играчи се истите оние од 2008 година и ја имаат надминато возрасната граница од 30 години. Аршавин е далеку од тогашната форма. Селекторот Дик Адвокат веќе потпиша договор со ПСВ Ајндховен, што значи ја напушта позицијата по ЕП, што може да влијае на атмосферата во тимот.
Исто така, доколку ја поминат групата во четвртфиналето веројатноста е голема да се сретнат со Германија или Холандија, репрезентации кои ќе ја имаат фаворитската улога во евентуален дуел против Русија.
Адвокат има големо интернационално искуство. Неговиот стил на игра е типичен холандски со формација 4-3-3. Истото го практикува и со репрезентацијата на Русија, која игра „тотален фудбал“ на гол повеќе од противникот. Таквата игра на ова првенство може да има контра ефект, бидејќи одбраната им е многу побавна од порано. Адвокат е критикуван дека не бил доволно често во Русија да ги следи играчите и дека играта ќе ја гради околу Аршавин повеќе на стара слава отколку заради неговата моментална форма.
Тој изјави дека Аршавин ќе биде биде капитен на неговата екипа и дека ако ја прикажат играта која се способни да ја играат, можат да ги изненадат и најголемите фаворити на ова ЕУРО.
Руските медиуми не го делат неговото мислење, ниту амбициозните најави на луѓето од фудбалската федерација и очекуваат на ова првенство да блеснат играчите на Зенит од Санкт Петерзбург, Александар Кержаков и Игор Денисов, засенувајќи го капитенот Андреј Аршавин.

Според медиумите во Русија пласман меѓу осумте најдобри во Европа е реалното достигнување на Руската репрезентација во моментов.

Во групата очекуваат најтежок противник да им биде репрезентацијата на домаќинот Полска, но најавуваат дека нема да ги потценат ниту Чешка ниту Грција, кои според квалитетот не треба да им претставуваат поголем проблем. Репрезентативците веруваат во своите можности, задоволни се од составот на групата и се надеваат дека ќе имаат огромна помош од трибините со која ќе стигнат до самиот врв.

Русија има 13 настапи на Европските првенства, 4 финалиња и 1 титула во 1960 година.

Коефициент за титула: 23.0

ФИФА ранг-листа: 11.

Серијал учесници на EURO 2012: Грција

Репрезентацијата на Грција на Европското првенство се наоѓа во групата „А“ заедно со селекциите на Полска, Чешка и Русија.
Состав: 

голмани: Халкиас (ПАОК), Сифакис (Арис) и Цорвас (Палермо).

одбрана: Торосидис (Олимпијакос), А. Пападопулос (Олимпијакос), К. Пападопулос (Шалке), Малезас (ПАОК), Холебас (Олимпијакос), Цавелас (Монако) и Папастатопулос (Вердер).

среден ред: Циолис (Монако), Макос (АЕК), Маниатис (Олимпијакос), Кацуранис (Панатинаикос), Карагунис (Панатинаикос), Фотакис (ПАОК), Фортунис (Кајзерслаутерн), Коне (Болоња), Нинис (Панатинаикос) и Фетфацидис (Олимпијакос).

напад: Самарас (Селтик), Салпингидис (ПАОК), Гекас (Самсунспор), Либеропулос (АЕК) и Митроглу (Атромитос). 

Селектор: Фернандо Сантош.


Грција на ЕУРО 2012 се пласираше преку една од полесните групи во квалификациите, победувајќи ја Хрватска во клучниот натпревар, со што го избегна баражот. Многумина се прашуваа како ќе изгледа овој тим по заминувањето на Ото Рехагел, со кого го напарвија најголемото изненадување во историјата со освојувањето на ЕУРО 2004 во Португалија.
Но, со доаѓањето на Португалецот Фернандо Сантош нештата не се сменија премногу. Грција се уште игра дефанзивен и дисциплиниран фудбал, а во меѓувреме, Сантош успеа значително да ја подмлади репрезентацијата.
На ова ЕУРО на Грција не и се даваат големи шанси и важи за аутсајдер во групата „А“. Првата ѕвезда во грчкиот тим е напаѓачот Самарас од Селтик. Клучниот натпревар Грците очекуваат да го играат со домаќинот Полска на самото отворање на ЕУРО 2012 и според нив исходот од тој меч ќе им го одреди патот на ова првенство.
Носители на играта на грчкиот тим, покрај Самарас, треба да бидат капитенот Карагунис, кој веројатно на ова првенство ќе го одигра последниот натпревар за репрезентацијата, понатаму можеби најдобриот грчки играч во моментов Торосидис, за кој е заинтересирана пола Европа и младиот талент Нинис, од кого се очекува да се наметне и да стане главен диригент во средниот ред на репрезентацијата.
За репрезентацијата на Грција ова ќе биде четврто учество на ЕП. Во претходните три тие само еднаш ја поминаа групната фаза и го освоија првенството во Португалија 2004 година.
На ЕУРО 2012 имаат зацртано една цел, да ја поминат групата. 


Селекторот Сантос во својата кариера бил тренер на најдобрите португалски и најдобрите грчки тимови, со кои има освоено десетици трофеи. На позицијата селектор дојде од тимот на ПАОК. Иако на хартија неговата формација е 4-3-3, крилата играат многу повлечено и повеќе наликува на ултрадефанзивната 4-5-1 формација. Грците играат многу дисциплинирано. Најсилно оружје им се прекините и нафрлените топки во шеснаесетникот на противникот. По преземањето на репрезентацијата од Рехагел, Сантос имаше серија од 17 натпревари без пораз.

Коефициент за титула: 81.0

ФИФА ранг-листа: 14.

Серијал учесници на EURO 2012: Чешка

Чешка ќе настапува во „А“ групата заедно со репрезентациите на Полска, Русија и Грција.
Група „А“: Чешка.


Состав:
голмани: Петар Чех (Челзи), Јан Лаштувка (Дњепар) и Јарослав Дробни (Хамбургер).

одбрана: Франтишек Раиторал (Плзен), Роман Хубник (Херта), Томаш Сивок (Бешикташ), Михал Кадлец (Леверкузен), Даниел Пудил (Чезена), Теодор Гебре Селасие (Слован Либерец), Давид Лимберски (Плзен) и Марек Сухи (Спартак Москва).


среден ред: Томаш Росицки (Арсенал), Јарослав Плашил (Бордо), Јан Резек (Анортозис), Даниел Колар (Плзен), Петар Ирачек (Волфсбург), Милан Петржела (Плзен), Вацлав Пилар (Плзен) и Томаш Хубшман (Шахтјор Донецк).

напад: Милан Барош (Галатасарај), Давид Лафата (Јаблонец), Томаш Пекхарт (Нирнберг) и Томас Нецид (ЦСКА Москва).

Селектор: Михаил Билек.


Од своето осамостојување во 1993 година до денес, Чешка учествуваше на сите еврошампионати. Најголем успех имаше 1996 година кога на „Вембли“ во Лондон играше финале против Германија, на кое загуби со златниот гол на Оливер Бироф во продолженијата.

Но, генерацијата на Павел Недвед имаше уште еден блесок на ЕУРО 2004 во Португалија, каде стигна до полуфиналето кога загуби од Грција, која подоцна стана европски шампон.


За ЕУРО 2012 главната амбиција на Чесите е да ја поминат групната фаза.


Селекторот Михаил Билек во изјава за сајтот на УЕФА се надева на добрата традиција што ја имаат Чесите во настапите на ЕП, но дали тоа ќе биде доволно останува да видиме. Што се однесува до играта, тој практикува формација 4-3-2-1, а играта се гради околу Томаш Росицки. Билек нема друго интернационално искуство, освен што бил селектор на репрезентацијата на Чешка до 19 години. Тој со својата репрезентација среќно стигна до баражот за ЕП. Имено, им беше досуден контроверзен пенал на гостувањето во Шкотска во судиското надополнување за победа од 2:1, а потоа во баражот добија релативно лесен противник, односно репрезентацијата на Црна Гора.


Главен играч на чешката репрезентација е капитенот Томаш Росицки од Арсенал. Се се врти околу неговата игра, а голманот на Чези, Петер Чех, ја дава неопходната стабилност во одбраната. Играч во кој Чесите ја гледаат иднината и очекуваат да блесне на ЕУРО 2012 е Томаш Пекхарт од Нирнберг. Во составот имаат дури 8 играчи од домашното првенство, од кои дури четворица од Плзен, минатогодишниот шампион. Други играчи од кои јавноста во Чешка очекува многу на ова првенство се Нецид од ЦСКА Москва, Хубшман од Шахтјор и ветеранот Барош од Галатасарај.

Многумина во Чешка веруваат дека селекторот Билек ќе им даде шанса и на играчите од домашниот шампионат. Како пример го наведуваат Лафата од Јаблонец, кој беше најдобар стрелец во домашното првенство оваа сезона. Лафата може да добие предност пред Нецид, кој се мачеше со повреди и не одигра добра сезона за тимот од Москва.

Фудбалските аналитичари очекуваат дека последниот натпревар во оваа група помеѓу Полска и Чешка ќе одлучува која од овие две репрезентации ќе оди во следната фаза на турнирот, а сепак, заради домашниот терен и според моменталниот квалитет предноста не е на страната на Чешката репрезентација.

Коефициент за титула: 67.

ФИФА ранг-листа: 26
.

Серијал учесници на EURO 2012: Полска

Полска, ко-домаќин на првенството ќе игра во групата „А“ заедно со Русија, Грција и Чешка.

Група A: Полска
Состав:
голмани: Лукаш Фабиански, Војчех Шчесни, Пржемислав Титон.

одбрана: Себастијан Бониш, Камил Глик, Марчин Камински, Томаш Јодловец, Дамиен Перкуис, Лукаш Пишчек, Марчин Василевски, Јакуб ВавржиниЈак, Гржегож Воитковијак.

среден ред: Јакуб Блашчиковски, Дариуш Дудка, Камил Гросички, Адам Матушчик, Адријан Миержевски, Рафаел Муравски, Лудовик Обраниак, Ојген Полански, Мачеј Рибус, Рафаел Волски.

напад: Павел Брожек, Михал Кухарчик, Роберт Левандовски, Артур Собиех.

Селектор: Фратишек Смуда.
Полска ова ЕП го дочекува со амбиција за пласман во следната фаза. Тие се ко-домаќини, а воедно и најслабо рангираната репрезентација која учествува на шампионатот. На единственото досегашно учество имаат ефект од два пораза и едно реми. Нивните надежи се потпираат на триото од Борусија Дортмунд: Левандовски, Блажчиковски и Пишчек, играчи кои имаа носечка улога кај „милионерите“ во освојувањето на титулата во Бундеслигата.

Селекторот Смуда практикува дефанзивна формација (самиот бил одбранбен играч) и игра на контри, а тоа не би требало да биде изненадување за противниците.

Успехот на Полска ќе зависи од игрите на триото од Дортмунд засилено со големиот талент, голманот на Арсенал Војчех Шчесни. Најдобар играч во моментов е стрелецот број еден Роберт Левандовски, но лидер на тимот сепак е главниот организатор на играта Јакуб Блашчиковски. Покрај нив се очекува костурот на тимот да биде составен од Шчесни (Арсенал), Обренјак (Бордо) Пишчек (Дортмунд), Василевски (Андерлехт) и напаѓачот на Селтик Павел Брожек.

Смуда нема големо интернационално искуство, неговите успеси се во Полската лига и куп каде има освоено многу пехари со различни тимови.
- Во последниве две и пол години имав доволно време да препознаам што можат да направат играчите и кои се нивните квалитети. Групата во која се наоѓаме ни дава надеж и нас и на фановите за голема радост. Знам дека сме под притисок заради домашниот терен, но ние можеме да се справиме со тоа, всушност моите носечки играчи од Дортмунд секој натпревар го играат пред 80 000 навивачи и знаат како да се носат со тоа, изјави Смуда за веб страницата на УЕФА.
Најтежок противник Полјаците гледаат во репрезентацијата на Русија, но одлучувачки натпревар за пласман во следната фаза очекуваат да им биде против Чешка. Против Грција сметаа на сигурна победа пред својата публика.
Доколку ја поминат групата во следната фаза за противник ја очекуваат Германија или Холандија што претставува голема пречка за овој нивни состав. Тие веруваат во своите можности, задоволни се од силината на групата и се надеваат дека со помош на публиката ќе дојдат до две победи што би им било доволно за остварување на зацртаното, пласман меѓу осумте најдобри во Европа.
Коефициент за титула: 34.0
ФИФА ранг-листа: 65

Friday, June 8, 2012

Серијал учесници на EURO 2012: Англија

Англиската репрезентација е во групата „Д“ на ЕУРО 2012 .
Група „Д“: Англија.
Состав:
голмани: Џо Харт (Манчестер Сити), Роберт Грин (Вест Хем), Џек Батланд (Бирмингем).
одбрана: Ешли Кол (Челзи), Џон Тери (Челзи), Глен Џонсон (Ливерпул), Фил Џонс (Манчестер Јунајтед), Лејтон Беинс (Евертон), Џулијан Лескот (Манчестер Сити), Гери Кејхил (Челзи), Рајан Кели (Ливерпул).
среден ред: Стивен Џерард (Ливерпул), Скот Паркер (Тотенхем), Фил Јагелка, Џејмс Милнер (Манчестер Сити), Стјуарт Даунинг (Ливерпул), Тео Волкот (Арсенал), Алекс Окслеид-Чембрлен (Арсенал), Ешли Јанг (Манчестер Јунајтед).
напад: Вејн Руни (Манчестер Јунајтед), Дани Велбек (Манчестер Јунајтед), Енди Керол (Ливерпул), Џермејн Дефо (Тотенхем).
Селектор: Рој Хоџсон.
Англија по осми пат ќе учествува на едно Европско првенство. Во претходните учества имаат забележано едно трето место во далечната 1968 година и едно полуфинале во 1996 година кога беа и домаќини.
Англичаните самите си ја доделуваат фаворитската улога за освојување на ЕУРО 2012. Нивниот оптимизам не го дели фудбалската јавност ширум Европа која не гледа факти за таквата амбициозност на „Гордиот Албион“.
Англиската репрезентација непосредно пред ЕП остана без услугите на Фабио Капело, еден од најдобрите светски фудбалски стратези во моментов. На негово место федерацијата го доведе „просечниот“ Рој Хоџсон. Тој, иако има богато интернационално искуство, нема ниту еден значаен трофеј зад своето име. Во својата кариера бил тренер на гиганти како Интер и Ливерпул каде што е запаметен како еден од „полошите“ тренери во нивната историја.
Хоџсон практикува дефанзивна формација 4-5-1 со двајца деструктивци во средниот ред (Стивен Жерар и Скот Паркер) кои кога ќе ја одземат топката треба да проиграат со крилата (Тео Волкот и Ешли Јанг), а тие имаат задача да асистираат до единствениот напаѓач ( Вејн Руни или Џермејн Дефо). Според аналитичарите, премногу предвидлива игра за големи резултати.
Наспроти англиските медиуми кои се задоволни со својот селектор, останатите сметаат дека токму Хоџсон е најслабата алка во овој тим на Англија. Капитен на Англија ќе биде Стивен Жерар. Главната ѕвезда Вејн Руни нема да игра на првите два натпревари поради црвениот картон заработен во последниот меч од квалификациите против Црна Гора, кога без причина му удри клоца на Миодраг Џудовиќ. Од младите играчи најмногу се очекува од Алекс Окслеид Чемберлен играч на Арсенал.
Англија во групата „Д“ силите ќе ги одмери со Франција, Украина и Шведска, многу силна и неизвесна група.
Секој резултат помалку од титула за Англичаните, ќе се смета за неуспех. Наспроти нивните нереални очекувања, поголем дел од стручните аналитичари на ова ЕП сметаат дека Англија нема да ја помине групната фаза, пред се поради отсуството на Руни за натпреварите со Франција и Шведска.
Коефициент за титула: 15.
ФИФА ранг-листа: 6.