Португалија на
Европското првенство ќе игра заедно со Данска, Германија и Холандија во
групата „Б“ или како што во фудбалските кругови поради силните
противници ја нарекуваат „група на смртта“. Според фудбалските
аналитичари ова е групата од која ќе произлезе идниот европски шампион.

Група Б: Португалија
Состав:
Голмани: Руи Патрисио (Спортинг Лисабон), Едуардо (Бенфика) и Бето (Клуж).
Одбрана: Бруно Алвес (Зенит), Фабио Коентрао (Реал Мадрид), Жоао Переира (Спортинг Лисабон), Пепе (Реал Мадрид), Рикардо Коста (Валенсија), Роландо (Порто) и Мигел Лопез (Спортинг Брага).
Среден ред: Хуго Виана (Спортинг Брага), Жоао Моутиньо (Порто), Кустодио (Спортинг Брага), Мигел Велозо (Џенова), Раул Меирелеш (Челзи) и Рубен Микаел (Сарагоса).
Напад: Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Хуго Алмеида (Бешикташ), Хелдер Постига (Сарагоса), Нани (Манчестер), Нелсон Оливеира (Бенфика), Рикардо Кваресма (Бешикташ) и Силвестре Барела (Порто).
Селектор: Пауло Бенто.
За Португалија ова ќе биде седмо учество на ЕП. Двапати биле полуфиналисти, и тоа во 1984 и 2000 година и еднаш финалисти во 2004 кога беа и домаќини на првенството.
Селекторот Пауло Бенто за ова првенство повика дури седум напаѓачи, потег кој ја изненади спортската јавност во Португалија и пошироко во Европа. Бенто ја презеде репрезентацијата на Португалија по неколкугодишна работа во Спортинг Лисабон, период во кој освои само еден супер-куп и нема друго сениорско тренерско искуство. Тој изјави дека зборувал со луѓето од Фудбалската федерација на Португалија и се согласиле дека поминувањето низ најтешката група на ЕП ќе се смета за успех.

Со
оваа изјава на селекторот не се согласуваат медиумите во Португалија,
ниту Кристијано Роналдо. Тие сметаат дека имаат генерација за освојување
златен медал. Медиумите воедно го критикуваат Бенто дека нивната
репрезентација прима премногу голови, бидејќи тој практикува формација
4-3-3, во која и двајцата бекови одат често во напад особено Коентрао,
кој почесто е пред противничкиот отколку пред својот гол, со што
оставаат премногу простор за контрите на противниците.
Иако португаскиот состав изобилува со звучни имиња, сепак, нема доминантна игра, со која „ги гази“ своите противници. Доказ за тоа се и квалификациите, каде што во конкуренција на Данска, Португалија мораше да игра дополнителни баражи со БиХ.
Има повеќе причини за ваквата игра. Главната ѕвезда во тимот, Кристијано Роналдо, во повеќе случаи и во дресот на Реал Мадрид докажа дека не е играч кој одлучува клучни натпревари, а такви во нивната група веројатно ќе бидат сите три натпревари. Во одбраната многу работи ќе зависат од играта и однесувањето на Пепе, кој често прави непромислени потези и добива исклучувања.
Повредата на Дани од Зенит Санкт Петерсбург исто така сериозно му ги намали опциите на Бенто во средниот ред. Бидејќи Дани беше единствениот играч, кој може да ја задржи топката и смири играта кога е потребно, да ги проигрува напаѓачите со „паметни топки“, но и да решава натпревари кога не му оди на тимот.
Проблем се и напаѓачите, кои иако ги има седум на број, освен Роналдо и Нани, другите имаат слаби бројки зад своите имиња кога играат за Португалија. Се очекува Нани да игра повеќе во средниот ред отколку во нападот и повеќе да асистира, отколку да постигнува голови.
Доколку Германија биде доминантна како што најавува, тогаш се очекува главната борба за второто место во групата „Б“ да се води меѓу Португалија и Холандија, и тоа во меѓусебната пресметка на 17 јуни во последниот натпревар од оваа група.
Но, тука не можеме целосно да ја отпишеме ниту Данска, која заврши пред Португалија во квалификациите токму за ова ЕУРО 2012. За да ја илустрира тежината на групата „Б“, Роналдо го изјави следново: „Се наоѓаме во група со три поранешни европски шампиони и тоа нас не прави аутсајдери, а во фудбалот често пати е посакувана таа улога. Ако успееме да ги изненадиме и да се пласираме во четвртфиналето тогаш можеме да одиме и до самиот крај“.
Коефициент за титула: 17.
ФИФА ранг-листа: 5.

No comments:
Post a Comment