Украинскиот град Л’вов ќе биде домаќин на натпреварите на Данска и Германија во групната фаза од Европското првенство.

Град: Л’вов.
Држава: Украина.
Провинција: Л’вовска област.
Жители: 735.000.
Стадион: „Арена Л’вов“, капацитет 30.000 седишта.
Л’вов е формиран 1247 година од страна на Кралот Данило Халитски изграден врз средновековниот град викан „Ред рутениа“ или Цврениот рус. Овој град бил наречен „Градот на лавот“ по името на синот на Данило, Лав. Името Л’вов го добил во преиодот кога паднал под Полска окупација. По Втората светска војна на конференцијата во Јалта, Л’вов бил интегриран во советска Украина. Порастот на украинскиот национализам во градот се смета за клучен момент во процесот на осамостојувањето на Украина во 1991 година.

Л’вов се наоѓа на листата на УНЕСКО како светско културно наследство, а самото тоа го прави еден од главните туристички центри во Украина. Во стариот дел на градот се наоѓа плоштадот „Ринок“, каде што во радиус од 200 метри може да се видат десет цркви, кои се само дел од двестотините во градот. Во Л’вов можете да погледнете некој од многубројните музеи или галерии, или пак да се искачите до високиот замок и да уживате во панорамата на градот.

Овој украински град беше избран да биде еден од градовите домаќини на ЕУРО 2012 и за таа цел за само три години (2008 - 2011 год.) е изграден стадионот „Арена Л’вов“. Капацитетот на арената изнесува 30.000 седишта. За неговата изградба беа потрошени околу 210 милиони евра. Отворен е 2011 година со настапот на светската музичка ѕвезда Анастасија. На овој стадион ќе бидат одиграни три натпревари од групата „Б“.

Фан зоната ќе има капацитет од околу 25.000 посетители и ќе биде сместена на авенијата „Слобода“ во најпрометниот дел на градот. Во деновите кога има натпревари ќе работи од 12:00 до 00:00 часот по полноќ - локално време, а во другите денови од 16:00 до 22:00 часот. На неколку места поставени се видео бимови на кои ќе бидат пренесувани сите натпревари, вкупно 31. Фан зоната ќе понуди и концерти, забави со ди-џеи, терени за мал фудбал и многу штандови со храна и пијалоци. Влезот ќе биде слободен.

За да пристигнете во Л’вов најдобро е да користите воз. Аеродромот во близина на градот нема развиена мрежа на летови, па заради тоа подобро е да го користите аеродромот во полски Краков кој е најблизок поголем аеродром до оној во Л’вов. Автобусите исто така се добар избор да пристигнете во Л’вов, но автобуската станица е на 8 км од градот.
Мотото на Л’вов за ЕУРО 2012 гласи: „Л’вов отворен кон светот.“

No comments:
Post a Comment