Tuesday, June 5, 2012

Серијал учесници на EURO 2012: Холандија


Холандија се наоѓа во групата „Б“ - „група на смртта“, заедно со Данска, Германија и Португалија.

Група Б: Холандија.

Состав:

Голмани: Тим Крул (Њуксл), Мартен Стекеленбург (Рома) и Никел Ворм (Свонси).

Одбрана: Вурнон Анита (Ајакс), Калид Буларуж (Штудгарт), Вилфред Боума (ПСВ), Џони Хејтинга (Евертон), Јорис Матијансен (Малага), Грегори ван дер Виел(Ајакс) Рон Влар (Феенорд) и Џетро Вилемс (ПСВ).

Среден ред: Ибрахим Афелај (Барселона), Марк ван Бомел (Милан), Најџел де Јонг (М. Сити), Сијем де Јонг (Ајакс), Адам Мајер(АЗ), Стин Шорс (С. Лисабон), Весли Снајдер (Интер), Кевин Стротман (ПСВ) и Рафаел ван дер Варт (Тотенхем).

Напад: Клас Јан Хунтелар (Шалке), Дирк Кајт (Ливерпул), Џермејн Ленс(ПСВ), Лучијано Марсинг (Херенвен),  Робин ван Перси (Арсенал) и Аријен Робен (Баерн). 

Селектор: Берт ван Марвијк.

Холандија по деветти пат ќе земе учество на едно Европско првенство. Најголемиот успех го постигна во 1988 година кога генерацијата на Марко ван Бастен стигна до златото. Има и четири полуфиналиња, две четврфиналиња, а само еднаш не ја поминала групната фаза.
На ова ЕУРО, Холанѓаните доаѓаат како второпласирана репрезентација од последното Светско првенство одржано пред две години во Јужна Африка. Тоа ги подгрева очекувањата на спортската јавност во земјата и создава огромен притисок врз фудбалерите да го повторат или подобрат тој успех. 
Селекторот Берт ван Марвијк е тренер со богато интернационално искуство. Во 2000 година го освои купот на УЕФА со Феенрод, освои сребрен медал на СП 2010 во Јужна Африка со холандската репрезентација и беше тренер на германскиот гигант Бурусија Дортмунд.
Тој практикува малку поинаков фудбал од типичниот холандски „тотален фудбал“ и знае својата формација да ја трансформира од класичната 4-4-2, преку напаѓачката 4-3-3 до ултра-дефанзивната 4-5-1. Иако, оваа игра сe уште му носи резултати, тој често е критикуван заради напуштањето на холандскиот „тотален фудбал“ концепт, но  федерацијата има доверба во него и го награди со нов договор до 2016 година.

Марвијк за ова ЕП ги повика речиси истите фудбалери кои беа втори на СП 2010, но дел од нив се далеку од формата што ја прикажуваа тогаш.

Холандскиот состав изобилува со ѕвезди. Според Марвијк, главната улога повторно ќе ја има Весли Снајдер кој имаше очајна сезона во дресот на Интер, а наспроти него Робин ван Перси имаше сезона од соништата во Арсенал. И други играчи од овој состав на Холанѓаните не се во најдобра форма и не се стандардни во своите клубови. Како што се Дирк Кајт, Најџел де Јонг,Рафаел Ван дер Варт и Ибрахим Афелај. Капитен на тимот останува ветеранот Марк ван Бомел, а од младите играчи најмногу се очекува од Кевин Стротман, играч на ПСВ Ајндховен.

Натпреварот што ќе ќе се одигра на 17 јуни против репрезентацијата на Португалија според фудбалските аналитичари треба да биде одлучувачки која од овие две репрезентации ќе продолжи понатаму заедно со Германија. Според изјавите од Фудбалската федерација на Холандија, пласман пониско од полуфинале ќе се смета за неуспех.

Патот на Холандија низ квалификациите  помина многу лесно со девет победи и само еден пораз од репрезентацијата на Шведска. Според обложувалниците Холандија е трет фаворит за освојување на пехарот после Германија и Шпанија.

Коефициент за титула: 8.
ФИФА ранг-листа: 4

Извор: vest.mk

No comments:

Post a Comment